Петиција за заштита на обичниот граѓанин од презадолжувања
Проблеми од реалниот граѓански живот
Во последно време, пракса на богатите компании (кои благодарение на граѓаните се богати), е да ангажираат адвокатски друштва за да го оптоварат и презадолжат и онака се пооскудниот буџет на обичниот граѓанин. Морам да нагласам дека секоја од тие компании имаат обемна правна служба платена од нас.
Се судрив со проблем на колешка (поточно проблем кој секој втор граѓанин го има), обврска платена со закаснување кон телеком. Во моментот кога успеала да собере финансиски средства да ја плати обврската, било ангажирано адвокатско друштво, кое по седум месеци од уплатат се повикува во име на телеком за да ги наплати своите "трошоци". Такови случувања има и со компанијата бег, за кое се пишуваше.
Ме заинтригира и пробав да ги дознаам нашите граѓански права за кои до пред извесно време имаше реклами "ГРАЃАНИНОТ пред СЕ"
Заклучок: нема надлежни. Односно: аек; државен пазарен инспекторат; министерство за транспорт и врски; телеком; па и Народниот правобранител не се надлежни. Конечен заклучок: ГРАЃАНИНОТ под се
Единствена смерница која ја добив е дека како група и други засегнати граѓани (неможе како поединец) можеме да доставиме преставка до Народниот правобранител, кој поради државната сопственост во телеком може да преземе понатамошни чекори за заштита од дополнителни, без основа трошоци.
Замолувам за Ваша подршка во петицијата како група и други засегнати граѓани. Да не бидеме само граѓани кои одат по линија на помал отпор, инертност кои ја злоупотребуваат на наша штета, а за лични интереси.
Благодарам.
п.с. Имињата на компаниите и Министерството намерно се напишани со мали букви, како револт на нивното непочитување на
значението на поимот ГРАЃАНИН.
Јелза Накова Kontaktiraj go avtorot na peticijata
Соопштение од администраторот на оваа веб-страницаЈа затворивме оваа петиција и ги отстранивме личните податоци на потписниците.Уредбата за заштита на личните податоци на Европската унија (GDPR) бара легитимна причина за зачувување на личните податоци, и податоците да се зачувуваат за најкраток можен временски период. |