Можност за трансформирање на работен однос на наставници по Ликовно и Музичко образование

 Целта на оваа петиција е да се постигне разгледување на постоечка законска одредба и можноста за промена на истата со цел овозможување рамноправност на наставниците по Ликовно образование и Музичко образование (кои одржуваат настава во основно училиште застапена со фонд од еден час неделно а работат подолго време со нерешен работен однос во малите училишта) при остварување на правата за трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време.
Како наставници по ликовно образование/музичко образование со над 2 години работно искуство кое во определени случаи достигнало и до 14 години (работно искуство) и кои се уште немаат добиено можност за трансформација на работниот однос бараме да се разгледа можноста за промена или дополнување на законската регулатива во делот за трансформација на работниот однос - Член 11, став 2 од Законот за наставници и стручни соработници (Службен весник на РСМ, бр, 161 од 05.08.2019 година) и да се овозможи правна и економска сигурност на наставниците преку засновање на работен однос на неопределено време.
Имено, според овај член наставникот за да добие трансформација на работниот однос од работен однос на определено во работен однос на неопределено време мора, цитирам: „Наставниците можат да засноваат работен однос на неопределено време и на пократко од полното работно време, доколку обемот на работата изнесува најмалку половина од работното време во работната недела и не предаваат изборни предмети, согласно со закон.“. Според ова ние како наставници мора да имаме минимум по 10 часа Ликовно образование/Музичко образование во едно училиште за да можеме да добиеме трансформација на работниот однос. Проблемот се појавува поради тоа што работиме во мали училишта сместени претежно во рурални средини со мал број ученици и за да добиеме полн фонд на часови (или потребниот минимум од 10 часа) мора да надополнуваме во неколку различни училишта. Со ова, по автоматизам отпаѓа можноста да имаме минимум 10 часа во едно училиште. Можно е да собереме евентуално до 8 часа од редовната настава во едно исто училиште. Со ова ние како наставници сме дискриминирани во однос на можноста да оствариме право на трансформирање на работниот однос на неопределено време. При тоа немаме ни право со изборни предмети да го дополниме тој фонд од 10 часа за трансформација на работниот однос. Има случаи кога се работи за испразнети работни места по основ на преземање или пензионирање значи училиштето има потреба од наставник по Ликовно образование или Музичко образование кој треба да се вработи на слободно работно место но не може да си го трансформира работниот однос поради членот од законот кој бара поголем број часови во едно исто училиште за трансформација на работниот однос а тие часови не смеат да бидат по изборни предмети. Исто така има случаи кога колеги по ликовно или музичко образование предаваат во две училишта кои се во една иста општина, во двете училиште местото е празно по основ на преземање, значи една иста општина ги плаќа средствата за нивното вработување,сепак, не можат да го трансформираат работниот однос затоа што името на училиштето е различно – се работи за две рзлични училишта иако и двете училишта припаѓаат и се финансирани од една иста општина.
Како резултат на ова:
- квалитетот и континуитетот на наставата секоја учебна година се менува со менување на наставникот по предметот;
- учениците и родителите се во незивесност за тоа кој ќе им предава наредната учебна година – дали ќе биде иститот наставник или друг;
- постои неизвесност и за наставникот како и неможност наставникот да го оствари законското право за трансформација на работниот однос;
- постои спреченост за професионален и кариререн развој и напредок на наставникот поради нерешен работен однос.


Стојан Дурланов    Kontaktiraj go avtorot na peticijata

Potpiši ja ovaa Peticija

Со потпишување прифаќам дека Стојан Дурланов ќе има можност да ја види целата информација што ја обезбедувам во овој формулар.

Нема јавно да ја прикажеме вашата адреса на е-пошта онлајн.

Нема јавно да ја прикажеме вашата адреса на е-пошта онлајн.


Давам согласност да се обработуваат информациите што ги давам во оваа форма за следниве цели:




Платено рекламирање

We will advertise this petition to 3000 people.

Дознај повеќе...