Петиција за измени во програмите по англиски јазик во основно обр. и одобрување учебници

Оваа петиција е со цел конечно да се најде решение за долгогодишниот недостаток од учебници по англиски јазик и да се унапредат монотоните програми во кои содржините се повторуваат во секоја тема, во секое наредно одделение. 


Бараме итно адаптирање и унапредување на програмите од прво до деветто одделение, и одобрување на соодветни учебници за секое соодветно ниво на изучување на јазикот.


Повеќето училишта од урбани средини веќе имаат материјали од Smiles доставени како промотивен материјал од Англиски центар, но наставниците не смеат да ги препорачуваат тие учебници бидејќи не се одобрени, и не е коректно да бидат на трошок на родителите додека за секој предмет секоја година се печатат и се даваат нови учебници, а искористените завршуваат како стара хартија. 

Исто така, во оваа петиција бараме да се врати бројот на часови на 3 неделно во III одделение и во стручните средни училишта. 

 

 

Potpiši ja ovaa Peticija

Со потпишување прифаќам дека Ана ќе има можност да ја види целата информација што ја обезбедувам во овој формулар.

Нема јавно да ја прикажеме вашата адреса на е-пошта онлајн.

Нема јавно да ја прикажеме вашата адреса на е-пошта онлајн.


Јас му давам овластување на Ана да ја предаде информацијата што ја обезбедувам на овој формулар на следниве страни:




Платено рекламирање

We will advertise this petition to 3000 people.

Дознај повеќе...