Петиција до Министерството за животна средина за побрзо реализирање на проектот за изградба на фабрика за отпад
Градската депонија во Кочани директно влијае за зголемувањето на респираторните болести на кочанчани, покажуваат податоците на Центарот за јавно здравје Кочани од минатата година. Покрај чадењето на депонијата која го загадува воздухот, тука е и исцедокот од депонијата кој завршува во подземните води со кои се наводнуваат земјоделските површини во кочанско. Ние , жителите на општина Кочани, Виница, Зрновци , Македонска Каменица бараме сериозност од институциите во однос на ова прашање и завршување на проектот Изградба на фабрика за отпад по европски стандарди. Бараме по Вашите ветувања тендерот за избор на градежна фирма да биде завршен во најбрз можен рок а фабриката да биде започната со изградба. Само така ќе докажете доследност пред граѓаните и грижа за здравјето на граѓаните на овие општини како и грижа за животната средина.
Грин.орг Kontaktiraj go avtorot na peticijata