ИТНА исплата на собраните средства од страна на Црвен Крст наменети за настраданите од пожарот во Кочани
Со оваа петиција бараме ИТНА исплата на собраните средства од Црвен Крст, наменети за семејствата настрадани од трагичниот пожар во Кочани. Оваа ситуација е итна и не трпи одложување, бидејќи нашите сограѓани се соочуваат со огромни потешкотии и потреба од непосредна помош.
Граѓаните од Македонија и пошироко со големо срце и солидарност донираа средства со цел да им помогнат и овие средства се собраа со цел да обезбеди поддршка за семејствата, особено оние чии деца се на лекување во странство.
Иако им е обезбедено лекување и сместување, важно е да се нагласи дека тоа не ги покрива сите трошоци и сите трошоци кои ги имаат НЕ ИМ СЕ ПОКРИЕНИ. Има информации дека семејствата чии деца се на лекување во странство добиваат само доручек и вечера, додека за основните потреби, како што се дополнителна храна, превоз до болницата и други неопходности работи мора да се грижат сами. Ова создава дополнителен финансиски притисок, особено во странска средина каде цените на основните добра се значително повисоки. Превозот од сместувањето до болницата не е организиран, а семејствата се принудени да се соочуваат со трошоците за превоз. Дополнително, за вода, кафе и други основни потреби, семејствата не можат да сметаат на поддршка. Ова е неприфатливо и непотребно дополнително оптоварување на веќе тешката ситуација во која се наоѓаат. Од земја до земја е различно. Во некои земји имаме организирање на граѓаните таму и помагање на семејствата, додека во некои земји семејствата се сами.
Иста е ситуацијата и во Макеоднија. Кој им го плаќа превозот на семејствата од Кочани до Скопје? За сместување имавме доста отворени врати. Но што е со храната за овие семејства? Зарем за овие семејства нема дополнителни трошоци?
Затоа, апелираме до Црвен Крст и сите надлежни институции да дејствуваат ИТНО и да ја исплатат целосната сума на собраните средства за семејствата настрадани од пожарот. Ние, граѓаните, сакаме да бидеме сигурни дека нашите донации ќе стигнат до оние на кои навистина им се потребни, без одложување.
Голем број на семсјтва од настраданите веќе почнаа да бараат помош, сигурно не би ни барале доколку се им беше покриено и немаа дополнителни трошоци.
Потпишете ја оваа петиција и покажете ја вашата поддршка за семејствата настрадани од пожарот во Кочани! Нека Вашиот потпис биде причина за итно префлање на парите сега кога е потребно!
Итна исплата Kontaktiraj go avtorot na peticijata