Peticijaonline.com

Иницијатива за основање на Македонска Православна Црква во Малта

М Македонскиот Православен Народ · MT

Potpisi (286)

До: Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Европски г. Пимен 

Почитуван Владико,

Ние долупотпишаните православни христијани, припадници на македонската заедница во Република Малта, поттикнати од духовната потреба за зачувување на нашата вера, јазик и национален идентитет, ја покренуваме оваа иницијатива за формирање на Македонска Православна Општина (МПЦО) во Малта.

Со оглед на тоа што македонската заедница во Малта брои илјадници наши сонародници кои живеат и работат тука, се соочуваме со итна потреба од:
  • Редовно вршење на свети богослужби на македонски јазик.
  • Достапност на свештено лице за извршување на светите тајни (крштевки, венчавки, миропомазанија).
  • Место за собирање на заедницата со цел негување на македонските православни обичаи и традиции. 
  • Со оваа петиција изјавуваме дека:Постои огромна желба и подготвеност кај верниците за воспоставување на црковен живот. Како заедница сме подготвени самостојно да го помагаме функционирањето на црквата и издржувањето на свештенослужителот.

Ве молиме, Ваше Високопреосвештенство и Свети Архиерејски Синод, да го разгледате нашето барање, да ни дадете благослов и да нè упатите во понатамошната процедура за официјално канонско признавање на нашата идна црковна општина.

Со надеж за позитивен одговор и архипастирски благослов.

Верниот македонски народ во Република Малта.

Church_of_St._John_at_Kaneo_6_.jpg

 

Сподели ја оваа петиција

Помогнете оваа петиција да добие повеќе потписи.

Вметнете ја врската во порака и испратете им ја на пријатели кои би можеле да потпишат.




Платено рекламирање

Peticijaonline.com ќе ја рекламира оваа петиција на 3,000 лица. Дознај повеќе...

Изберете го вашиот буџет
Метод на плаќање
PayPalGoogle PayApple PayKreditna Kartička