Државни субвенции за заштитен штит од 5G
Крајно време е во овие тешки времиња државата да почне да се грижи за народот! Јасно е дека Северна Македонија со влегувањето во НАТО алијансата мора да ја воведе опасната по здравје и живот 5G мрежа, која досега во Јапонија, САД и другите развиени земји се покажа како причинител на Корона Вирус, СИДА, Рак, Лудило итн. А посебно имаше огромно влијание кон намалувањето на коефициентот на интелигенција кај граѓаните на тие земји. Ние како ГОРДИ Македонци познати во светот по нашата огромна интелигенција, НЕ смееме да си дозволиме такво нешто!
Затоа мораме да ја притиснеме Владата на СРМ да обезбеди финансиска помош за заштитен ШтИТ за секој граѓанин на СРМ кој нашите и повеќе од способни бајачки ќе го стават околу сите нас. Нормално во вакво време цената на ШтИТОТ нагло порасна, па затоа е потребна помош од Владата, посебно на најранливите категории на граѓани како што се оние со поголем коефициент на интелигенција од 200 и сл.
П.С. Може и да се вратиме на dial-up, ама така ќе немаме доволно брза конекција за да ја истакнеме нашата интелигенција по социјалниве мрежи.
Nikola Gogov Kontaktiraj go avtorot na peticijata