АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ ДА ГО ОДБРАНИ СКОПЈЕ
http://www.skopje.gov.mk/images/slika2panorama.JPGСе повикуваат професорите на Архитектонскиот Факултет, организирано да излезат во јавноста и да престанат да се кријат зад катедрите, да го одбранат тоа што остана од СКОПЈЕ. Интелегенцијата не треба да чека покана, треба да иницира и да делува во општеството. Вистината што никој не ја дознал исто како да не постои. ЗАСТАНЕТЕ ВО ОДБРАНА НА СКОПЈЕ!
Се бара подршка од студентите на Архитектонскиот Факултет-Скопје, Архитектонскиот Факултет при Американ Колеџ, сите професори вработени во истите, потоа Градежниот Факултет, Асоцијацијата на Архитекти на Македонија, Асоцијацијата на Архитекти на Град Скопје, и цела активна архитектонска интелегенција, потоа ФЛУ и реномираните ликовни уметници, да се појават во јавноста, да организираат заеднички трибини, да подготват сеопфатна презезентација за грешките на СКОПЈЕ 2014, да ја презентираат вредноста на модерната и постмодерната архитектура во Скопје, да и објаснат на македонската јавност со разбирлив јазик што се случува со градот, да побараат јавни дебати и средби со градските власти и владата на Р. Македонија. Откако јавноста недвосмислено и без сомнежи ќе увиди дека сите нормални реакции и акции не вродуваат со плод, да се организира протест на интелегенцијата, во кои сите гореспоменати /особено професорите/ ќе излезат и ќе се стават во прв ред, наместо студентското топовско месо, протест кој ќе се повторува во интервали, и кој на вистински, културен, и начин како што доликува ќе се обиде да докаже на тврдоглавите власти дека проектот треба да застане. Доколку не успее ова, да се заканат факултетите со прекин на наставата, се до прекин на проектот т.е седнување и соочување на интелегенцијата со власта пред очите на јавноста.... Притоа се замолуваат сите професори да си ги заборават партиските припадности, етничките комплекси, историските непознавања и да застанат во одбрана на архитектонско-урбанистичката професија. Особено се молат невладините организации, партиите, обоените, граѓанските здруженија за се сешто, и сите останати, да не се мешаат и да не ја злоупотребуваат оваа страна. Да ја остават професијата да го одбрани градот и тоа да го бараат од неа, а не да одмогнуваат со сопствените полувистини и цели. Подршката ни е потребна, но не во форма на ваше организирање, презентирање и говорење во наше име. Тоа треба да го сторат професорите, асоцијациите и големите архитектонски бироа..... ДА ЗАСТАНАТ ВО ОДБРАНА НА СКОПЈЕ!!! Сеуште може да се спасат архитектонските симболи на Скопје и да се прекине развојот на оваа ужасна квази архитектура!
ДА за почит кон македонската историја/од праисторијата до денес/, ДА за подигнување споменици и паметници, ДА за нови музеи и институциии, НО НЕ ЗА наметнатиот стил /бедна импровизација/, НЕ за обемноста, НЕ за урбаниот хаос и несоодветната местоположба на објектите, НЕ за укинувањето на конкурсите, НЕ за уништувањето на арх. наследство, НЕ за интелегенцијата што се крие зад катедрите!

Оваа иницијатива има за цел да го поттикне и охрабри, Архитектонскиот Факултет пред се, а потоа и сите горенаведени да се организираат како институции, да ги обединат силите и да го бараат својот простор во јавноста. Оваа иницијатива нема за цел да ги обезличи индивидуалните реакции во јавноста на дел од професорите и асистентите, меѓутоа има за цел да им соопшти дека имаат поголем авторитет и моќ, и дека можат да сторат многу повеќе. Тоа што го сторивте не е доволно за институција каква е Архитектонскиот Факултет - одбранете го неговото достоинство! А со тоа и на целокупната професија
Оваа иницијатива нема за цел да предизвика контра радикализам на рушење и агресија врз изграденото, ниту обезличување и користење во политички цели, или во цели на соседните пропаганди, ниту пак предизвикување "војна" со партијата на власт или останататите... Оваа иицијатива е за СТОПИРАЊЕ на проектот, и демократско „присилување„ на дијалог пред се со јавноста, а потоа заедно со јавноста дијалог со одговорните и нивно интелектуално надмудрување....
П.С -Петицијата ќе се достави во печатена форма до Архитектонскиот Факултет, затоа ве молиме оставете точни податоци поради нејзината валидност
Соопштение од администраторот на оваа веб-страницаЈа затворивме оваа петиција и ги отстранивме личните податоци на потписниците.Уредбата за заштита на личните податоци на Европската унија (GDPR) бара легитимна причина за зачувување на личните податоци, и податоците да се зачувуваат за најкраток можен временски период. 695 |
| Најавете се за да го управувате вашиот петиција. |
Започнете сопствена петиција
Дали има нешто што сакате да го промените?
Промените не се случуваат со молчење.
Авторот на оваа петиција застана и презеде акција. Ќе го сторите ли истото?
Други петиции кои можеби ќе ве интересираат!
ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013
15 474 потписи.
12 Apr 2013
Во поддршка на воведувањето на Религија-Христијанство-Православие како редовен предмет во бугарските училишта.
12 111 потписи.
13 Feb 2025
ОТВОРЕНО ПИСМО НА ЕВРОПСКИТЕ ПИСАТЕЛИ
6 348 потписи.
26 Oct 2015
И НИЕ СТУДЕНТИТЕ САКАМЕ БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ !
6 061 потписи.
20 Oct 2012
STOP ZA 5G
5 740 потписи.
26 Mar 2020
Иницијатива за признавање на македонските возачки дозволи во Шведска
5 250 потписи.
2 Dec 2018
Petition to UNESCO - Against Discrimination of Macedonian Language
3 809 потписи.
16 Nov 2010
Sloboda za Pale Ilovska. 23 godisna devojka od Veles, koja borejkji se za zdiv, vo samoodbrana izvrsuva ubistvo.
3 425 потписи.
30 Sep 2021
ПЕТИЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА МАКЕДОНСКИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ
3 044 потписи.
16 Mar 2013
Продолжување на породилно отсуство поради зголемениот број на заразени, меѓу кои и деца
1 833 потписи.
3 Apr 2021
ДА СЕ УКИНИ ДОДАДЕНАТА МОЌ НА ПОТРОШЕНАТА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА 33
1 733 потписи.
16 Mar 2013
Фатиме Фетаи како предлог за Јавен Обвинител на Р.Македонија
1 729 потписи.
8 Jun 2017
Петиција за поддршка на Др.Бобан Вучевски
1 715 потписи.
8 Sep 2022
Bitola saka cist vozduh
1 709 потписи.
4 Sep 2014
Барање за вметнување на профилот семејнолог
1 579 потписи.
27 May 2021
ПЕТИЦИЈА ЗА ИТНО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ЗАГАДУВАЊЕТО ВО ОПШТИНА БИТОЛА
1 321 потписи.
11 Dec 2015
Барање од моторџиите во Македонија
1 161 потписи.
29 Sep 2011
Felnőtt autisták: nem vagyunk láthatatlanok!
1 105 потписи.
31 Jul 2025
Петиција против најавениот концепт за основно образование од страна на МОН и против маргинализација на предметот Историја.
1 042 потписи.
17 Dec 2020
Стоп за сапунските серии!
928 потписи.
12 Feb 2013
Peticijaonline.com
Nie obezbeduvame besplaten hosting za internet peticii. Kreirajte profesionalna internet peticija koristejki gi našite mokni uslugi. Našite peticii se spomnuvaat na mediumite sekojdnevno, taka što kreiranje peticija e odličen način da bidete zabeležani od javnosta i donesuvačite na odluki.