ДА СЕ УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ ВО 2013


Gostin

/ #482

2013-05-11 18:15

1. Добро би било Вашата страна да биде на кирилица!
2. Средното образование е континуирано едуцирање и оценување на учениците во текот на целата наставна година за кое учениците добиваат најмалку четири оцени, а на овој начин со екстерново оценување секој ученик би бил оценуван по два предмети за целиот материјал, и за тоа ќе биде известен една недела пред екстерното оценување!!!. Сметам дека тие што го замислиле ова оценување немаат (или имаат многу малку) работено со ученици. Од една страна наставниците се приморани да вршат многу административни работи (подготовки, дневни, тематски, годишни, е-дневник, педагошка евиденција, ваков или таков модул на работа по програми кои се укинати од пред 50-60 години во Америка, без учебници, по 7-8 наставни програми, тестови на секој час, гледање да не снема нешто од компјутерите, исклучување на мобилни, намален број на ученици поради наталитет...) а за основната цел-образовната, а посебно воспитната нема време, и на крај на сите треба да им се напише преодна оцена, бидејќи со закон средното стана задолжително и учениците очекуваат сите да бидат поминати а не да губат година и ништо не работат. Јас би издржал уште некоја година до пензија, но тешко на помладиве колеги/шки, секоја нова генерација е се полоша и полоша затоа што со закон не смее да се избрка ученик од час ако не е дисциплиниран, не смее да се запиши, не смее да му се стави единица, недај боже да го удриш оти професорот ќе одговара иако ученикот ти се качил на глава...а за политичкото влијание ме фаќа офтика!!!...не се доредува се!!!