Архитектонски Факултет да создаде литература на македонски јазик

http://www.mihailtokarev.mk/images/07.jpg

Архитектонскиот Факултет при УКИМ - Скопје сеуште функционира со скрипти и предлог книги на англиски, германски и на др. јазици. Една сериозна институција со 60 години традиција, сеуште не успеа да создаде учебници на македонски јазик. Исклучувајќи го професорот Токарев, кој е единствен меѓу професорите, ниту еден друг предмет нема официјална книга на македонски јазик. Исто така, исклучок во образованието на Архитектонскиот Факултет се градежните предмети, кои поседуваат сопствена литература, како и преводот на Нојферт  од приватна издавачка куќа. Оваа иницијатива има за цел, да им ја предочи на професорите и државата, потребата на студентите од македонска стручна литература, која во моментов не постои. Таа литература е во интерес и на општеството, бидејќи студентите често посегнуваат по препишани и прераскажани скрипти, во кои одредени податоци се изменети, погрешни, или недоволни. Доволно беше учење од туѓи и стари книги, дополнителни потешкотии со стручни изрази на странски јазици, итн. Доколку сметате дека не можете да напишете, тогаш бар преведете соодветна. Кога велиме литература, мислиме на конкретно употребливи учебници, специјализирани и соодветни за предметите на Архитектонскиот Факултет!

Најголем придонес кон ова општество може да дадате, доколку го споделите своето знаење со истото. Оваа молба, може да ја потпишат сите граѓани кои ја подржуваат, но особено е упатена до студентите на архитектонските факултети во Македонија како и сите скоро дипломирани и активни архитекти . Ве молиме за споделување на истата помеѓу колегите и промовирање со цел да се слушне нашиот глас....


Петицијата ќе биде испечатена и доставена до факултетот и министерството за образование.


Студенти на Архитектонски Факултет    Kontaktiraj go avtorot na peticijata