„Размислуваме зелено, делуваме одговорно“ - за спас на Демиркаписка Клисура

Screenshot_132.pngСпортскиот Клуб „Клисура“ Демир Капија во партнерство со СОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино, преку проектот „Размислуваме зелено, делуваме одговорно“ застапуваат за спречување на еколошка катастрофа во Демиркаписката Клисура. Истата е предизвикана од неразградлив градежен шут кој е оставен низ Челевечка Река по изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица во должина од околу 400 метри.

Со покажаниот чин на неодговорност во однос на клисурата, загрозен е рибниот фонд (бојникот) кој се мрести таму, отежнат е пристапот на жителите на с. Челевец, загадена е средината која ја посетуваат голем број на домашни и странски туристи и спортисти (алпинисти, спортски качувачи, планинари...) и притоа ја користат за тренинзи и релаксација, нарушена е иднината на сите млади генерации за развој на здрави навики и уживање во природа, а исто така е загрозена и можноста за промоција на ова парче богатство од природата и развој на Демир Капија. 

Со вашата поддршка преку потпишување на оваа петиција ќе реагираме до одговорните страни да ја поправат направената штета, а тоа ќе значи заштита на Челевечка река и Демиркаписката Клисура и ќе остави траен белег и добар пример за борба со уште многу други и слични проблеми со кои се соочува државата, за создавање на чиста и здрава животна средина за сите, за уште многу дружби, спортување, прошетки во природа и креирање убави спомени со најблиските.

Здружение Спортски Клуб „Клисура“ Демир Капија    Kontaktiraj go avtorot na peticijata




Script executed with success this is not html: Array ( [type] => 2 [message] => Trying to access array offset on value of type null [file] => /home/petitions/public_html/sign_petition.php [line] => 31 )