ЛОЗАРИ - За подобар ТИКВЕШ

Целта на акцијата за подобар Тиквеш која е најавена за во среда, 31 октомври 2012 година со почеток од 10 часот е да се направи клуб кој не би бил сопственост на поединец или на група луѓе кои би биле незаменливи, и нивниот збор не би претставувал ДОГМА - апсолутна вистина, а е спроведена од никој друг освен од искрените подржувачи на клубот кој е симбол за градот, клуб кој е испреплетен со минатото, сегашноста и иднината на Кавадарци.

Фудбалскиот клуб Тиквеш од Кавадарци е сопственост на градот, на Кавад

арци, на Лозари, и би бил спонзориран и финансиран по пат на данок од градот и членарина од членовите односно сопствениците на клубот, модел на управување на клубот, во кој секој кој ќе биде член и ќе плати извесна членарина, ќе има право на глас во донесувањето на одлуките поврзани со клубот, играчкиот кадар, тренерите и се друго.

Насекаде во светот има клубови кои функционираат на овој начин, и тоа функционираат доста успешно. Најјакото оружје на овие клубови се нивните НАВИВАЧИ-членови и подржувачи. Успехот на тимовите како Барселона, Бенфика, Шалке, Баерн и други ни дава кураж, храброст да тргнеме во оваа борба, во која освен силен, стабилен, успешен Тиквеш се друго ќе се смета за ПОРАЗ. Лозари му се потребни во овој момент на клубот кој живот значи, и сите искрени подржувачи на фудбалот ќе го дадат својот придонес, во оваа искрена борба, бидејќи за ТИКВЕШ СЕ РАБОТИ ...

ЛОЗАРИ - ЗА ПОДОБАР ТИКВЕШ !!!

 


UltraCrew Kavadarci    Kontaktiraj go avtorot na peticijata